Во грчкиот Парламент предмет за можна кривична одговорност за железничката несреќа на двајца поранешни министри за транспорт
Предмет за можна кривична одговорност на двајца поранешни министри за транспорт на Грција во периодот 2016-2023 година за железничката несреќа кај Темпи пред две години, ќе биде доставен во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.
Станува збор за Христос Спирѕис, поранешен министер во Владата на СИРИЗА и Костас Караманлис од Нова демократија, кој беше министер за транспорт кога на крајот на февруари 2023 година се случи железничката несреќа со 57 загинати, по што и си поднесе оставка.
Како што објавија грчките медиуми, предметот од надлежниот суд бил доставен до Врховниот суд во Атина од каде ќе биде испратен во Парламентот, а се однесува на одговорноста на поранешните министри за безбедноста на железницата.
Според истите информации, конкретниот предмет за Спирѕис и Караманлис произлегол откако биле сослушани вработени во Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција.
Државната телевизија ЕРТ објави дека предметот нема кривичен карактер, но Парламентот ќе одлучи дали двајцата поранешни министри сносат одговорност и за кое дело