(Видео) Сакате евтина работна сила за да нѐ нудите како робови на странски инвеститори? Трендафилов најави нови протести ако не се зголемат платите
Лесно е со 160.000 месечна плата да кажете дека со 20.000 се живее добро. Бараме 500 евра минимална плата помножена со коефициент за сложеност, порача од пред Владата претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.
– Ние сме тука, а квази-синдикалците се дома. Оваа Влада нема проблем со тие квази-синдикалци, ние имаме. Ветувам дека ќе дојдеме многу повеќе доколку не ја зголемат минималната плата, истакна Трендафилов.
Бараме Владата на биде на страна на работниците, нејзините гласачи, а не на страна на газдите, додаде Трендафилов кој праша дали Владата сака евтина работна сила за да ги нуди на странските инвеститори како робови.
Трендафилов потсети дека минатата година актуелнава Влада, која тогаш беше опозиција, ги поддржуваше барањата на Синдикатот. (Infomax.mk)