Најдолгата конклава за избор на папа траела речиси три години, а најкратката неколку часа
Најдолгиaтa конклавa во историјата на изборот на поглавар на Римокатоличката црква се одржал во 13 век и траелa речиси три години, односно 1.006 дена.
Потоа бил избран наследникот на папата Клeмент IV, Гргур X, а тајното гласање за избор на папа траело од ноември 1268 до септември 1271 година во градот Витербо во централна Италија.
Во 1274 година, Гргур X издал декрет врз основа на кој кардиналите добивале само еден оброк дневно ако конклавата била продолжена повеќе од три дена, а само леб, вода и вино ако траела подолго од осум дена. Тоа ограничување подоцна е укинато.
Најкратката конклава досега се одржала во 1503 година, кога папата Јулиј II бил избран за само неколку часа.
Во 1274 година, Римокатоличката црква вовела правило дека од смртта на папата до почетокот на конклавата мора да поминат најмалку 10 дена.
Најмладиот папа во историјата бил Јован XII, кој имал само 18 години кога бил избран во 955 година.
Најстарите папи во историјата биле папата Целестин III (избран во 1191 година) и Целестин V (избран во 1294 година), кои имале речиси 85 години кога биле избрани.
Бенедикт XVI имал 78 години кога бил избран во 2005 година.
Првата конклава одржана во Систинската капела бил во 1492 година, а од 1878 година, таа капела, позната по своите фрески од Микеланџело, станала место за сите конклави.
Повеќето од конклавите се одржале во Рим, а некои се одржале надвор од ѕидините на Ватикан.
Конклавите се одржани надвор од Рим и Ватикан 15 пати, вклучително и во Витербо, Перуџа, Арецо и Венеција во Италија и Лион во Франција.
Папата Гргур X го вовел правилото за изолација за време на конклавите за да се спречи политичко мешање.
Конклавата за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква ќе започне на 7 мај, по смртта на папата Франциск на 89-годишна возраст на 21 април.
Претходните две конклави, во 2005 и 2013 година, траеја само по два дена