Сестрата и внуците на Зоки Фаци со месеци биле изложени на насилство од нивниот сопруг и татко. Насилникот денеска им ги запалил куќата во Катланово и станот во Ново Лисиче
ФОТО куќата во Катланово опожарена
Сестрата и внуците на Зоки Фаци со месеци биле изложени на насилство од нивниот сопруг и татко.а полицијата на нивните пријави им одговарала со „Аман више од вас“ Насилникот денеска им ги запалил куќата во Катланово и станот во Ново Лисиче
Сестрата и внуците на неодамна починатиот популарен новинар од шоу бизнисот со години трпеле невиден терор и насилство и од нивниот сопруг и татко Тодор Митровоќ кој долги години е зависник од алкохол. Состојбата ескалирала кога тие пред неколку месеци неможејќи повеќе да трпат го избркаке од станот во кој живееше Зоки во Ново Лисиче а сега се тие таму.
Полицијата на која и пријавувале семејно насилство и закани по живот буквално ги откачувала со одговор „Аман више од вас“ без да преземе нешто за да ги заштити. На таквиот индолентен однос на полицијата работата прераснала до страшни димензии утрово. Популарниот јутјубер Стефан Лазаров другар на Зоки фаци со кој го покренаа популарниот и најгледан поткаст вечерва објави на социјални мрежи стравични информации
Фото станот на Видео Смилевски број 89 Ново Лициче
Вечерва внукот Дарко за Либертас видно вознемирен и револтиран што иако барале помош и пријавувале во полициската станица Аеродром не само што не реагирале туку и им викале „Аман више од вас“ ни ја потврди голготата на насилството од таткому која завршила денеска со палење на куќата што ја имаат во Катланово и обид да го запали и станот во кој живеат како наследство од Зоки Фаци и неговите родители.
Полицијата реагирала сури кога станарите на зградата во Ново Лисиче реагирале во паника дека ќе изгори целата зграда и сеуште се вознемирени и се прашуваат дали се безбедни после се ова.
Насилникот Тодор Митровиќ бил уапсен и вечерва судија му определил 15 денови притвор.
ЕКС сопругата Елизабета и двајцата синови кои се возрасни за Либертас велат,нема систем нема држава го осетивме на наш грб и се прашуваме што после тие 15 дена притвор. Ако го пуштат тој е полуден алкохоличар навистина ќе се обиде да ги реализира заканите дека ке ја убие мајками и нас.
Замолија гласност за насилството во медиумите оти системот реагира само на јавноста