Мицкоски утре ќе го праша Таравари: Дали тивко ќе го поддржува ДУИ на локалните избори

Утре ќе се отвори темата за понатамошното функционирање на Арбен Таравари во Владата. Средбата денеска ја потврди премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање по положувањето на цвеќе нa гробот на Гоце Делчев.

„Таква средба ќе има неделава, ако не се лажам тоа ќе биде утре, но треба да го погледнам распоредот. И на таа средба јасно сакам да слушнам став кој и медиумите ќе го слушнат, дали е точно дека има договор меѓу партијата на Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција дека во најмалку 5 или 6 општини каде тој ќе извади свои кандидати, а ДУИ нема да извади свои кандидати за градоначалници, што прво значи себе понижување како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Премирот потенцираше дека тоа за него е неприфатливо (4news.mk)

Back to top button
Close