ЈКП „Тетово“ овозможи плаќање на комуналните сметки преку интернет

– Јавното комунално претријатие „Тетово“ од вчера има нова верзија на своја веб страница на која може преку интернет да се плаќаат комуналните сметки, како и да се оствари комуникација со вработените за други работи.

– Покрај електронското плаќање, веб страницата на претпријатието нуди можност за аплицирање за нов приклучок, за поднесувања на барања и жалби во врска со услугите што ги нуди нашето претпријатие, соопштија од ЈКП „Тетово“.

Плаќањето на сметките е овозможено со внесување на податоци и бројки од банкарска картичка на лицето што плаќа. Воедно плаќачот треба да ги наведе бројот на сметката и шифрата, е-маил адреса и слично.

Веб страницата на ЈКП „Тетово“ е на македонски и албански јазик. Делот на македонски јазик има голем број граматички, морфолошки и правописни грешки.

Back to top button
Close