Врховната рада го ратификуваше договорот за минерали со САД
Парламентот на Украина едногласно денеска го ратификуваше договорот за минералите со САД.
„За“ Договорот гласаа 338 пратеници, а за ратификацијата беа потребни 226 гласови. Ниту еден пратеник не се изјасни „против“ или „воздржан“.
– Украинскиот Парламент го ратификуваше договорот за историско економско партнерство помеѓу Украина и САД, објави на Икс украинската министерка за економија Јулија Свириденко.
Таа претходно изјави дека се надева оти со Договорот, Украина ќе добие нова воена помош од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Документот се однесува на екстракцијата на минерали, нафта и гас во Украина, која е под руска инвазија повеќе од три години. Но, тој не содржи безбедносни гаранции, на кои инсистираше Киев