Велика Британија не го коментира тврдењето на Трамп за „сеопфатен“ договор

Владата на Велика Британија одби да го коментира тврдењето на претседателот на САД, Доналд Трамп дека договорот што се очекува да биде објавен ќе биде „целосен и сеопфатен“.

Официјалниот портпарол на премиерот изјави: „Отсекогаш сме биле јасни дека сакаме да постигнеме договор што е во британскиот национален интерес и да поддржиме значителни трговски односи меѓу Велика Британија и САД“.

Тој додаде дека разговорите продолжуваат и оти се надева дека подоцна денеска ќе има нови информации.

Како што јави Би-Би-Си, Даунинг Стрит во исто време инсистираше на тоа дека намалувањето на стандардите за храна останува „црвена линија“ за секој трговски договор со САД.

– Нема да ги намалиме британските стандарди за храна. Тоа е нешто што е наведено во манифестот, рече портпаролот.

„Њујорк тајмс“ денеска цитираше три извори кои рекле дека американскиот претседател Доналд Трамп денеска треба да објави дека САД ќе се согласат на трговски договор со Велика Британија.

Кратко по објавувањето на веста, британската фунта порасна за 0,4 отсто во однос на американскиот долар, според „Скај њуз“.

Трамп претходно најави дека денеска ќе објави голем трговски договор во Овалната соба, без да прецизира со која земја е постигнат.

Back to top button
Close