Премиер на Полска: Секој што присуствуваше на воената парада во Москва се посрамоти


Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека секој што присуствуваше на воената парада во Москва по повод Денот на победата се посрамоти.

На церемонијата на Црвениот плоштад учествуваше словачкиот премиер Роберт Фицо како единствен присутен лидер од Европската Унија.

– Се обидувам да не коментирам одлуки и однесување на државните лидери, но нема сомнеж дека е срамно да се биде на парадата во Москва и да му се аплаудира на Путин, изјави Туск на прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон.

Претходно денеска, Франција и Полска потпишаа договор за зајакнување на соработката во одбранбени и енергетски прашања. Договорот, кој опфаќа одбрана, енергетика, како и нуклеарни и транспортни прашања, предвидува заемна помош во случај на воена закана.

Back to top button
Close