Украина протера двајца унгарски дипломати како реципрочен одговор на постапките на Будимпешта

Украина протера двајца унгарски дипломати, соопшти украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на платформата „Икс“.

„Двајца унгарски дипломати мора да ја напуштат нашата земја во рок од 48 часа… Дејствуваме во одговор на постапките на Унгарија врз основа на принципот на реципроцитет и нашите национални интереси“, истакна украинскиот министер.

Тој додаде дека унгарскиот амбасадор Онтал Гејзер бил повикан во Министерството за надворешни работи на Украина и му била врачена соодветна нота.

Претходно денеска, Унгарија протера двајца украински дипломати поради наводна шпионажа. Истовремено, Службата за безбедност на Украина соопшти дека за првпат во историјата на земјата открила шпионска мрежа управувана од унгарското воено разузнавање.

Back to top button
Close