Трамп се огласи: Индија и Пакистан се согласија на примирје
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се согласиле на прекин на огнот.

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social.
„По долга ноќ разговори посредувани од САД, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан постигнаа целосно и моментално прекин на огнот“, напиша Трамп.
Тој дополнително ги пофали двете земји за користењето на „здрав разум и голема интелигенција“.