Меџити до Таравари: Маските паднаа

По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека неделава ќе одржи средба со владиниот партнер Арбен Таравари за да му се заблагодари за учеството во Владата и објавата на Таравари дека на премиерот ќе му објасни дека и тој станал жртва на некакви уверувања, се огласи и Изет Меџити од Вреди со порака дека конечно паднале маските.

-Паднаа маските. Протагонистите од латино серијата јавно го признаа она што го кажав многу пати досега: дека цело време имале таен договор за соработка.“ Протагонистите на серијата наречена „Падот на владата“ не успеаја. Ниту бомбастичните говори, ниту жртвите, ниту сервилноста, ниту патриотизмот со тапани не помогнаа – напиша Меџити на Фејсбук.

Тој додава дека промената продолжува без лажни херои за еднократна употреба.

-Промената продолжува како доверба на 107.000 албански гласачи кои денес имаат целосно право да се чувствуваат предадени. Борбата против корупцијата нема алтернатива. Ќе има одговорност за нелегално богатење. Конечно: наместо бомбастични говори за наводна борба против корупцијата, предлагам опозицијата да ја докаже својата подготвеност за истрага со конкретни акции. „Прво, нека го предаде суперфункционерот на црната листа на истражните органи – напиша Изет Меџитив

Back to top button
Close