Трамп пристигна во Ријад
Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Саудиска Арабија, од каде што ќе ја започне својата турнеја низ три земји од Заливот.
На аеродромот во саудиската престолнина Ријад, Трамп беше свечено пречекан од саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман, со кого подоцна ќе има разговори.
По Саудиска Арабија, Трамп ќе ги посети Катар и Обединетите Арапски Емирати.
За време на неговата турнеја низ регионот, Трамп се надева дека ќе склучи деловни зделки и инвестициски обврски. Ќе бидат разгледани и политички прашања, како што се Иран и Газа.