Рамафоса повика на обновување на односите со САД, Трамп презентираше запис за наводен геноцид
Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, седејќи до Доналд Трамп во Белата куќа, денеска повика на „ресетирање“ на билатералните односи, кои се многу тензични откако американскиот претседател се врати на власт.
„Тука сум првенствено за да ги ресетирам односите меѓу САД и Јужна Африка“, особено на економскиот фронт, рече Рамафоса и покрај обвинувањата на САД за „геноцид“ против бели јужноафрикански земјоделци.
Трамп пушти видео пред Рамафоса, наводно во поддршка на обвинувањата на САД за „геноцид“.
„Ги убиваат“, рече Трамп пред видео на кое се гледаат десетици автомобили во кои, според него, се кријат „цели семејства“ бели земјоделци кои бегаат од својата земја.
Преторија ги отфрла тие обвинувања, додека Вашингтон пред неколку дена ги пречека Африканците етикетирани како „бегалци“ на своја територија.