Бугарија очекува правична одлука за Љупчо Георгиевски

Тој се товареше за предизвикување омраза врз национална основа и за ширење на ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Последното рочиште се одржа завчера, на 21-ви мај.

Според бугарското МНР, оваа пресуда ќе биде лакмус за подготвеноста на Македонија да ја гарантира рамноправноста на Бугарите во земјата.

„На властите во Скопјe повеќекратно им е обрнувано внимание дека за Бугарија овој случај е значаен во однос на нивната готовност да ја гарантираат рамноправноста на Бугарите и да ги адресираат проблемите со кои тие се соочуваат“, се наведува во соопштението.

Георгиев разговарал со Муцунски

Според МНР во Софија, овој случај бил честопати спомнуван од бугарска страна пред македонската, но и пред европските партнери.

„Оваа позиција е јасно изразувана и од бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, при средби со неговиот колега од Северна Македонија. Со карактерот на обвиненијата во случајот против г-дин Л. Георгиевски се запознати и дипломатските мисии на земјите-членки на ЕУ во Скопје. МНР ќе продолжи да ги информира своите партнери за состојбата на Бугарите во Северна Македонија и да го ангажира меѓународниот фактор во нивната борба за еднакви права“, потенцираат од бугарското МНР.

И во следниот дел од соопштението Бугарија се повикува на партнерите од ЕУ.

„Суштината на спроведен институционален притисок не е само крајниот резултат, туку и неповратните последици од целиот процес на неговата примена. Како и досега, МНР ќе продолжи да инсистира, вклучително и преку ангажирање на своите партнери од ЕУ, овој притисок врз бугарската заедница во Северна Македонија да биде прекинат. Бугарските институции остануваат непоколебливо ангажирани во нивните последователни напори за заштита на правата на македонските Бугари, вклучувајќи го и г-дин Љубчо Георгиевски”, потенцира бугарското МНР.

Бугарија Министерство за надворешни работи Софија
Бугарското МНР соопшти дека ќе продолжи да ги информира своите партнери за состојбата на Бугарите во Северна МакедонијаФотографија: BGNES

Оттаму потсетуваат и дека „внимателно го следат развојот на процесот уште од самиот почеток, пред повеќе од 2 години”. Постојано биле ангажирани амбасадата на Бугарија во Скопје и Генералниот конзулат во Битола, вклучително и со присуството на амбасадорот, генералниот конзул и конзулите од двете претставништва на последното рочиште од 21-ви мај.

Покрај повикот за праведна одлука, од МНР велат дека „сепак таа праведност, за жал, нема да ги избрише последните години на огромен стрес и нарушен личен живот на македонскиот Бугарин”.

Читаш, читаш…                                  

Љупчо Георгиевски е еден од оние кои подоцна го осознал неговиот бугарски идентитет. Како што изјави во едно интервју за БТВ, тоа се случило откако почнал да доаѓа на одмор во Бугарија. Таму во разговорите честопати морал да објаснува дека Македонците не се Бугари. За да да најде што повеќе аргументи за неговиот став, почнал да чита.

„Читаш, читаш, два-три месеци не спиеш, и се разбудуваш како Бугарин“, го опиша тој патот до сознанието.

Во мај 2023 година, бугарскиот претседател Румен Радев на Љупчо Георгиевски му додели бугарски пасош на свечена манифестација, откако претходно тој се стекнал и со бугарско државјанство.

Неговиот истоименик, со кого ги разликува една буква во името (Љупчо и Љубчо) а е поранешен премиер на Македонија, завчера се појави во Основниот суд во Битола, каде беше повикан како сведок од одбраната на Љупчо Георгиевски.

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски изјавил дека не се познавал со обвинетиот, но лично му се јавил да му биде сведок зашто сфатил дека судењето не е само против него, туку и против Ванчо Михајлов. На тоа реагирала обвинителката, велејќи дека не му се суди на Михајлов, туку на Љупчо Георгиевски.

На рочиштето, меѓу другото, експремиерот рекол дека е ванчовист и дека кај него многу позитивно чувство предизвикало отворањето на бугарскиот клуб со името Ванчо Михајлов. (Dw)

Back to top button
Close