Некој платил 4,6 милиони евра за сабјата на Наполеон

Сабја што му припаѓала на Наполеон Бонапарта е продадена на аукција во Париз за 4,66 милиони евра.

Ова значи дека оружјето речиси го достигна светскиот рекорд за артефакт од времето на Наполеон, соопшти аукциската куќа Друо во петокот.

Според аукциската куќа, моменталниот рекорд е 4,8 милиони евра, постигнат за наполеонски меч од Битката кај Маренго.

Оружјето првично беше проценето на вредност помеѓу 700.000 и еден милион евра. Сабјата била произведена помеѓу 1802 и 1803 година од Никола-Ноел Буте, директор на кралската фабрика за оружје во Версај за Бонапарта, кој бил прв конзул на Франција.

Наполеон (1769 – 1821) подоцна му го дал овој величествен предмет на својот близок соработник Емануел де Гручи, кого го назначил за последен маршал на Империјата. Оттогаш, сабјата е во сопственост на семејството Гручи.

Друга, идентична копија од сабјата што беше продадена на аукција, се наоѓа во музејот Ермитаж во Санкт Петербург, Русија.

Back to top button
Close