Џамбаски: „Македонската нација е измислена во Кремљ во 1934“

Бугарскиот политичар и поранешен европратеник, Ангел Џамбаски испрати нови навреди кон Македонија кога Томас Вајц, известувачот за земјава во Европскиот парламент, побара одложување на гласањето за извештајот за нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ.

Тој воедно го поздрави одложувањето на расправата пред Комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент.

„Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент штотуку го одложи гласањето за скандалозниот антибугарски извештај за напредокот на Република Македонија кон ЕУ од известувачот Вајц за 24 јуни.

Овој период мора да се искористи максимално, и од бугарските власти и од секој Бугарин. Ги имаме телефоните и електронските пошти на водечките европски претставници. Да ги повикаме, да ги чуеме, да им ги испратиме нашите ставови.

Нека чујат, нека знаат. Нема вековен македонски идентитет – постои бугарска историја и Мики Маус „нација“ измислена во Кремљ во 1934 година“, стои во навредувачката објава на еден од лидерите на контроверзната крајнодесничарка партија ВМРО-БНД.

Back to top button
Close