Томас Вајц: Извештајот не е алатка за бугарско-македонски спорови

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, побара одложување на гласањето за извештајот, предизвикувајќи реакции во Скопје и Софија. Иако цврсто стои зад напишаното, Вајц решил да им даде простор на бугарските европратеници кои го обвинија за влијание од „надворешни фактори“, алудирајќи на средби со македонски претставници. Вајц порача дека извештајот не е алатка за решавање на билатерални спорови меѓу Скопје и Софија, туку документ на Европскиот парламент и ЕУ. Тој потенцира дека, иако билатералните односи се важни, фокусот е на владеење на правото и правата на малцинствата. Со тоа, побара гласањето за извештајот да се одложи за 24 јуни.

Дел од парламентарците надвор од бугарскиот состав застанаа силно зад Вајс и неговата работа.

Санчез Амор, група на социјалдемократите, додаде “Извештајот е одличен и жалам за гадната, полна со обвинувања и со инсинуации кампања која не е нормална за ЕП и таа е креирана само за да се добие одлагање на извештајот”.

Бугарските европратеници пак ликуваа за одложувањето на гласањето, нарекувајќи го тоа како мудра одлука.

Ивајло Валчев, Има таков народ – Одлагањето на расправата за извештајот е „мудра, одговорна и навремена одлука, немам ништо да додадам во календарот за лобирање бидејќи не гледам лобисти и го повикувам господинот Вајц да продолжи со мудрата политика за да се одложи состанокот за да се разговара за отворените прашања.

Станислав Стојанов од Преродба побара истрага во ЕП околу „нерегуларностите“ што ги откриле околу пишувањето на извештајот.

Back to top button
Close