Пензионер со пила сечел бандера за струја

t

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Р.(71) од с.Тодоровци, општина Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност.

На 20.5.2025 година во селото Костиндол, општина Македонска Каменица, пријавениот со моторна пила извршил оштетување на бандера за пренос на електрична енергија.

-На тој начин предизвикал опасност за луѓето и имотот, соопшти полицијата.

Back to top button
Close