Костадинов: Нема да дозволам Муртино да биде заборавено, тоа не е политичка партија – граѓаните да пријават штети!
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил пишува дека нема да дозволи селото Муртино да биде заборавено.
„Обилните врнежи предизвикаа сериозни штети во Муртино. Како Општина веднаш формиравме Комисија за проценка и ги повикуваме сите засегнати жители и земјоделци од понеделник да ги пријават штетите во општинската зграда. Но сега топката е кај Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Јасно и гласно порачувам: не смеете да ги заборавите овие луѓе. Муртино не е политичка категорија – тоа се чесни луѓе кои живеат од својата земја. Бараме 100% обесштетување. Сѐ помалку од тоа ќе биде навреда и омаловажување за секој што изгубил плод, имот, или покрив над главата. Нема правда без фер обесштетување!
Како градоначалник нема да молчам – ќе бидам гласен за Муртино, затоа што тие заслужуваат поддршка, а не игнорирање“, вели Костадинов