Анчелоти: Треба да ја развиеме нашата игра, сигурен сум дека постепено нападот ќе се подобри
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, се надева дека Рафиња ќе може да го заостри нападот на својот тим во квалификацискиот натпревар за Светското првенство дома против Парагвај, откако петкратните шампиони одиграа без голови со Еквадор. Бразилците беа надиграни во поголемиот дел од првиот натпревар под водство на Италијанецот како главен тренер.
-Тревната површина ги отежни работите уште повеќе. Самата контрола на топката не беше лесна. Имавме две чисти шанси за Винисиус и Касемиро во второто полувреме. Да, можеби требаше да бидеме многу подобри во нападот, но мора да се земе предвид квалитетот на нашиот противник. Еквадор играше многу добро и можам да го кажам истото и за нас. Патувањата тука се исто така долги и тоа влијае на играчите на еден или друг начин. Треба да ја развиеме нашата игра. Сигурен сум дека постепено нападот ќе се подобри, а денес отсуствуваше еден многу важен играч. Станува збор за Рафиња, кој ќе се врати, изјави Анчелоти по мечот.
Натпреварот со Парагвај, според него, ќе биде различен бидејќи во него ќе има можност да „кариоките“ да ја контролираат играта.
-Темпото, движењето на играчите и динамиката мора да бидат различни. Имаме многу квалитетен тим и дури и да немаме доволно време за работа, потенцијалот е сè уште тука, заклучи Анчелоти.