СДСМ: Трети по младинска невработеност во Европа- eве ја третата економија на Мицкоски


Трети по младинска невработеност во Европа- eве ја третата економија на Мицкоски

Бајките на Мицкоски за трета економија ги разби прво ММФ а сега и Евростат.

Евростат објави дека Македонија е трета во Европа по младинска невработеност.

Имаме дури 29% младинска невработеност во вториот квартал од 2026 година.

Речиси секој трет млад човек од работната сила е без работа.

Еве ја третата економија во Европа на Мицкоски.

Бројките се немилосрдни – за младите што немаат работа, за оние што крпат крај со крај, за оние што гледаат во фрижидерот и во џебот и за оние што саката да се иселат од државата.

Мицкоски зборува за поевтини станови за млади до 35 години и нула комуналии. А младинската невработеност е 29%.

Како да купи стан млад човек кога нема работа ниту плата? Како да гради куќа?

Дури Мицкоски одбива и да го зголеми студентскиот оброк. Јаневска уште и ги навредува студентите заради нивното незадоволство.

Пари за криминални тендери има. За младите – нема. Тие треба само да ги враќаат скапите кредити.

Криминалните политики на Мицкоски се на директна штета на младите.

Колку е лоша економијата сите граѓани гледаат, во своите празни паричници и празни фрижидери. Народот едвај врзвува крај со крај, секој месец гледа колку им останува од платата која не стига ниту до половина од месецот.

Од следната недела стигнува нов ценовен удар. Парното поскапува за дури 7,56%. Трето поскапување од почетокот на годината, вкупно за близу 20%.

Од 1 јануари е најавено и поскапување на струјата. Поскапата струја носи нов притисок врз цените на храната и услугите, а платите на граѓаните не мрдаат.

Како што рековме, секогаш кога Христијан Мицкоски ќе најави намалување, следува покачување.

Народот во Македонија буквално живее крпен живот, заглавен е во сиромаштија, во брзи кредити, во математики како да преживее.

Според некои проценки 80.000 до 100.000 луѓе кај нас се веќе заглавени со брзи кредити а вкупниот број е над 200.000.

Ете ја третата економија на Мицкоски. Единствен виновник за оваа катастрофална состојба е Христијан Мицкоски и неговите криминални политики.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=SzWe19ECLLY

Back to top button
Close