Граѓански организации до Милошоски: Европската интеграција значи и ефикасно справување со родово базираното насилство

Мрежата за заштита од дискриминација, во склоп на кампањата „16 дена активизам“, упати јавни прашања до претседател на собраниската Комисија за европски прашања, Антониjо Милошоски, притоа посочувајќи го извештајот на Европската комисија за 2026, каде се нотирани антиродовите наративи како една од причините за системските пропусти во справувањето со родово базираното насилство.

„Европската интеграција не е само декларативна заложба. Таа подразбира унапредување на родовата еднаквост, заштита на човековите права и ефикасно справување со родово базираното насилство. Милошоски, ги препознавате ли во извештајот наративите на оние што јавно ве пофалија? Зошто продолжувате да ги поддржувате истите екстремистички религиозни групи? Милошоски, како ја браните европската интеграција додека во Собранието им давате политичка тежина на актерите за кои предупредува Европската комисија?“, прашуваат здружените организации од Мрежата.

Од Мрежата потенцираат дека во 2026-та се случиле седум фемициди, а измените за заштита од насилство поднесени во август годинава, како што велат, сѐ уште чекаат.

„Каков е вашиот став во однос на предложените законски измени за заштита на жените од насилство и што ќе преземете за нивното усвојување? Европските вредности се докажуваат со политички одлуки и конкретни постапки. Бараме јавни одговори и политичка одговорност!“, стои во соопштението на Мрежата.

Back to top button
Close