Снежна покривка од петнаесетина сантиметри на Голак, се расчистуваат патиштата во Делчевско


Снежна покривка со висина од околу 10 до 15 сантиметри е формирана на планината Голак, кај Делчево додека надлежните служби работат на терен за целосно расчистување на патната инфраструктура во Делчевскиот Регион.

Во телефонска изјава за МИА, градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски и претставници од подружницата на ЈП „Македонија пат“ информираат дека во моментов се прават интензивни напори за оспособување на специјализирано возило за чистење снег (дуплак), кое се соочило со помал технички проблем. Се очекува механизацијата наскоро да биде во функција, со што патниот правец кон туристичкиот локалитет Голак ќе биде целосно исчистен најдоцна до 12:30 часот.

На планината во моментов престојуваат повеќе гости кои ноќта ја поминаа во снежен амбиент.

Според последните информации од терен, екипите и механизацијата на „Македонија пат“ веќе активно работат и ги расчистуваат главните сообраќајници во регионот, со фокус на патните правци кон Граничниот премин Делчево и планинскиот превој Бигла, каде сообраќајот се одвива во зимски услови

Back to top button
Close