Завршна годишна изложба во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“

Во Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ – Скопје, вечер во 21:00 часот ќе се одржи завршна годишна изложба. Ќе бидат изложени ликовни дела на учениците од сите смерови од I до IV година во учебната 2024/2025 како што се мултимедиски дизајн, сликарски дизајн, графички дизајн, дизајн на керамика, дизајн на ентериер, мебел и индустриски производи, вајарски дизајн.
На настанот ќе се одржи и модна ревија на која моделите ќе бидат облечени во креации изработени од учениците од смерот – дизајн на текстил и облека. По ревијата ќе следи и настап на музички бенд.
Фото: ДСУЛУД „Лазар Личеноски”-Скопје