Пукање во школо во Крагуевац, ранети две лица, приведен малолетник

Две лица се повредени утрово во пукање во средното Техничко училиште во Крагуевац, соопшти српското МВР.

„Полицијата совлада и уапси седумнаесетгодишен ученик од ова училиште, за кој постои сомневање дека пукал со пушка во училиштето“, се вели во соопштението.

Како што беше додадено, полициските сили се на терен и интензивно работат на утврдување на сите факти и околности за овој настан.

 

 

Back to top button
Close