Владата му ја покачила платата на Стојанче Ангелов за 200 евра, објави Трендафилов од ССМ

 

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, добил зголемување на платата од околу 200 евра месечно и сега тој ќе прима околу 105.000 денари – пишува во одлуката објавена во Службени весник, која ја пренесува претседателот на Сојузот на синдикатите (ССМ), Слободан Трендафилов.

Во објава на „Фејсбук“, Трендафилов прашува: „Ако нема за зголемување на платите на работниците, како има за зголемување на платите на функционерите?

„Ако зголемувањето на платите на работниците кое им следува и кое изнесува 12,6% согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, како и потребата од зголемување на минималната плата на 500 евра и за 100 евра зголемување на останатите плати ќе ја зголеми инфлацијата, тогаш зголемување од 13,8% на платата на функционер веројатно исто така влијае на инфлацијата, но изгледа ја намалува (друго образложение нема). Во денешниот Службен весник објавена е Одлука со која платата на функционер избран од Владата е зголемена за 13,8% односно коефициентот од 2,24 се зголемува на 2,55, или точно онолку колку што има предвидено средства во буџетот за раст на платите оваа година“, пишува Трендафилов во објавата.

 

„Ако се има во предвид дека основица за пресметка на плата на избрани и именувани е просечната плата за претходната година, тогаш моите скромни познавања од математика велат дека:
41.239 ден. x 2,24 = 92.375 ден.
41.239 ден. х 2,55 = 105.159 ден.
Разлика од 12.784 денари зголемување на плата од 1 јуни 2025 година, или раст од 13,8% !
Секој заслужува зголемување на платата, но работниците заслужуваат повеќе од функционерите, а ако нема за зголемување на платите на работниците, како има за зголемување на платите на функционерите?“, пишува претседателот на ССМ во објавата.

 

Back to top button
Close