Славески во „Бизнис21“: Зошто токму тој за гувернер? И дали му пречи што немаше консензус?

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, гостуваше во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, каде што говореше отворено за околностите поврзани со неговиот избор и првичните предизвици во новата функција.

Во однос на тоа што било пресудно за неговиот избор, тој истакна дека не може прецизно да каже.

„Веројатно се проценило дека моето искуство и во академската професија како професор веќе 40 години на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, моето претходно искуство учество во јавната сфера, изнесување на ставови кои се втемелени на економската историја на светот со милениуми назад, може и вршењето на јавни функции каде што мислам сум ги извршувал чесно, одговорно, во согласност со законите и Уставот, без ниедна афера, без скандал“, вели Славески.

Му пречи ли што неговиот избор не доби поширок политички консензус?

„Не, не ми пречи затоа што јас сум долги години изложен во јавната сфера, определбата – професионална и идеолошка била таква уште раните почетоци на транзицијата од 90-тите години да имам спротивни ставови со СДСМ“, вели Славески.

Back to top button
Close