Се огласи сопругата на Андреј од ДНК: Ако не ја добиеме правдата – ќе зборуваме сè погласно

Сопругата на Андреј од ДНК, Наталија Ѓоргиевска, преку фејсбук објава, порача дека ако нема правда подеднакво за сите за пожарот во кочанската дискотека во која смртно настрада нејзиниот сопруг, допрва ќе ги има сè повеќе.

– Бараме неселективна правда. Без калкулации, без привилегирани и без заборавени. Ако не ја добиеме – ќе зборуваме погласно. И ќе не’ има се повеќе. Ако институциите не покажат дека можат и сакаат да ја спроведат правдата подеднакво за сите – тогаш допрва ќе бараме одговорност. И оставки! – вели таа во објавата на својот фејсбук профил, како коментар на објавена вест.

Back to top button
Close