Ирански пратеник: Шестата рунда преговори со САД нема да се одржи по израелските напади врз Иран

Високиот ирански пратеник Аладин Боруџерди, член на Парламентарниот комитет за национална безбедност и надворешна политика, денеска изјави дека шестата рунда разговори со Соединетите Американски Држави нема да биде одржана по израелските напади врз Иран.

САД и Иран водат разговори за нуклеарната програма, а нивната шеста рунда разговори е закажана за недела во Оман.

Израел во текот на ноќта изврши „превентивен напад“ врз Иран, насочен кон нуклеарната програма на земјата и високите воени лидери на таа земја

Back to top button
Close