ФОТО: Архиепископот Стефан со црковна делегација на прием во Руската амбасада
Архиепископот на Македонската православна црква, Стефан, синоќа заедно со повеќе владици бил гостин на Руската амбасада во Скопје, каде е организиран прием по повод Денот на Руската федерација.
Амбасада на „Фејсбук“ објави фотографии од кои се гледа дека на приемот била присутна бројна и висока црковна делегација во чиј состав биле повеќе владици од Синодот на МПЦ-ОА, меѓу кои и вчера избраниот митрополит дебарско-кичевски, Георгиј.
Од фотографиите што ги објави амбасадата се гледа дека во делегацијата на МПЦ-ОА, покрај Архиепископот Стефан, се и митрополитите Петар, Јосиф, Григориј, Георгиј и епископот Климент.
Гости биле и вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, како и пратениците Сашко Јанчев, Јована Мојсоска и Драган Недељковиќ. На приемот присуствувале и амбасадорите на Србија, Босна и Херцеговина, Турција, Казахстан, Катар и Кина.