Осудениот Љупчо Ѓоргиевски: Со гордост ја носиме „дипломата“ дека сме ванчомихајловисти

Ова не е пресуда, ова е како да го наречам, исто како да добиете диплома дека сте Бугарин и ванчомихајловист. Тоа ние го прифаќаме со гордост овде во Македонија и никогаш нема да се откажеме од нашата борба.

Ова го изјави Љупчо Ѓоргиевски, претседател на забранетиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, пред новинарите на Бугарската национална телевизија во утринската програма „Денот започнува“.

„Нема да се откажеме од нашата борба, до нашите крајни цели. Тоа се впишувањето на Бугарите во Уставот, рамноправно со другите народи и нашиот пат кон ЕУ заедно рака за рака со Бугарија. Нема предавање, нема назад, ќе ја бараме правдата насекаде и пред Судот за човекови права во Стразбур“, изјави Ѓоргиевски за утринската програма на Бугарската национална телевизија

Back to top button
Close