Исчезнат е 36-годишен штипјанец

На социјалните мрежи од вчера се шири апел за пронаоѓање на 36-годишен штипјанец.

– Исчезнат е Владимир Бурев од Штип. Има 36 години, висок и облечен во црни тренерки. Домот го напуштил вчера во 04:00 часот и му се губи секаков траг. Апел до секој кој има било каква информација, да се обрати во најблиската полициска станица или да контактира некој од неговото семејство, се наведува во апелот.

Неговата мајка вели дека последен пат бил лоциран во Велес и оттогаш му се губи трагата.

Back to top button
Close