Иран потврди: Двајца генерали убиени во израелскиот напад
Двајца високи ирански генерали се убиени во израелски напади, објави државната телевизија, додека Израел продолжува со нападите врз иранските воени и нуклеарни објекти.
Генералот Голамреза Мехраби, заменик-началник на разузнавањето на Генералштабот на вооружените сили, и генералот Мехди Рабани, заменик-началник на операциите, „станаа маченици“, се вели во соопштението.