Француската „Венеција на Алпите“ – малку позната за туристите

Францускиот град Анеси, којшто се наоѓа на границата со Швајцарија, го има прекарот „Венеција на Алпите“ благодарение на добро сочуваното средновековно јадро на градот, испресечено со канали и камени мостови. Сепак, за разлика од некои други градови во Франција, Анеси е сè уште „скриен“ и малку познат „скапоцен камен“ и не прима многу туристи.

– Иако Франција е најпосетуваната земја во светот, повеќето луѓе всушност не патуваат подалеку од Париз. Анеси е совршен пример за дестинација којашто Французите ја сакаат, но туристите често ја занемаруваат, вели Марк Бонте од туристичкиот портал „Френч сајд травел“ (French Side Travel).

Многу луѓе минуваат низ главниот град на областа Горна Савоја, на патот кон познатите скијачки центри како Шамони и Межев, како и езерото Анеси, чијашто надреална нијанса на тиркизната боја го инспирирала и францускиот пост-импресионистички сликар Пол Сезан.

– Савоја има сè што луѓето сакаат во Швајцарија – планини, алпски сирења и кристално чисти езера – но, по многу пониска цена, изјави блогерката Катрин Даун.

Париз се смета за главен град на гастрономијата, но областа кај езерото Анеси стана место со најмногу „Мишелин“ ѕвезди во Европа, благодарение на Франк Деру од Ле Клос де Сен и Жан Сулпис од Оберж ду Пер Бизе. И двајцата користат тамошни специфични состојки во нивните јадења, што на храната ѝ дава посебен шарм.

Back to top button
Close