Трагедија во Дебарско Езеро – удавена жена кај градската плажа
Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои веднаш ја извлекле од водата и се обиделе да ја реанимираат, но обидите биле безуспешни.
На местото на трагедијата пристигнала екипа на Брза помош од Општата болница со проширена дејност – Дебар, но лекарот можел само да ја констатира смртта.
Од полицијата информираат дека на телото не се забележани траги на насилство. Увид на местото извршиле полициски службеници и јавен обвинител, а телото е предадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта.
Според локалните власти, ова е прв случај на давење во Дебарското Езеро по повеќе од десет години. Тие потсетуваат дека од 2017 година на градската плажа функционирале спасувачки тимови, но ова лето, за жал, спасувачка служба не е активна