Македонските ракометарки со триумф над Финска стартуваа на турнирот во Анкара

Македонската женската сениорска ракометна репрезентација со победа го почна настапот на Меѓународниот турнир во турската престолнина Анкара, совладувајќи ја вечерва Финска со 31:24.

 

Сара Ристовска со шест и Емилијана Ризоска со пет погодоци беа најефикасни во македонските редови, а по четири голови постигнаа Марија Јанкуловкса, Јована Кипријановска и Ивана Гакидова.

 

Во рамки на второто коло, македонската репрезентација утре попладне ќе игра против Италија, а в недела против домаќинот Турција.

 

Турнирот во Анкара е дел од подготовките на македонските ракометарки за настап на претстојното Европско првенство.

 

Избраничките на новиот селектор Игор Марковиќ своите натпревари од групната фаза на континенталниот собир ќе ги играат во Клуж, против Швајцарија, Норвешка и домаќинот Романија.

Back to top button
Close