ОПШТИНА ЦЕНТАР: Профит коалицијата ДПМНЕ и ЗНАМ оркестрирано ја почнаа кампањата против Герасимовски, сметката ќе ви ја испорачаат граѓаните на изборниот ден

Општина Центар во последните три и пол години е симбол на транспарентност и чесно работење. За тоа говорат сите рангирања на општината која е во топ 3 транспарентни општини и општина со највисок процент на реализација на програмата. ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се очајни во синхронизираната негативна кампања и јалови се обидите да се дискредитира градоначалникот Герасимовски.Уплашени што се уште не можат да најдат противкандидат на Герасимовски, тие решија да тргнат во лаги наместо конкретни понуди за центарци. Ова е добро позната матрица на ВМРО-ДПМНЕ која скриена зад ЗНАМ мисли дека може да ги излаже граѓаните да заборават на нивните злодела во Центар.

ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, денеска оркестрирано и неиздржано ја започнаа црната кампања против општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски.
Но граѓаните на Центар не го забораваат историскиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, носењето на ДУП-овите во 3 по полноќ, насилството врз општинските работници и рушењето на институцијата.
И додека ние работиме за граѓаните, да ги потсетиме ВМРО-ДПМНЕ дека нивното владеење во Центар го обележа скапиот и забеган проект ,,Скопје 2014”, кој нивните сегашни партнери, како опозиционери, жестоко го критикуваа. Но, сега молчат заради фотелји и власт.

Ние се подготвуваме за натпревар со проекти и идеи. Впрочем тоа граѓаните го покажуваат при секојдневните средби на градоначалникот со граѓаните во нивните маала. Центар како транспарентна општина секогаш е отворена и за пофалби и критики. Буџетот го креираме во договор со жителите. Реализиравме, на барање на центарци многу повеќе од ветувањата во изборната програма. Во наредниот четиригодишен мандат ќе ги завршиме започнатите проекти но и многу нови со кои Центар ќе биде похумано и посовремено место за живеење.Со идеи, а не со безидејни обвинувања, ве чекаме на изборните соочувања, тогаш ќе покажеме кој знае да работи и гради, а кој само да се заканува. Впрочем коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ е профит коалиција. Ние ја имаме коалицијата со центарци, а тие сметката ќе ви ја испорачаат на изборниот ден.

Back to top button
Close