Три лица загинаа, повеќе од 10 повредени во стампедо на Хинду фестивал во Индија
Три лица загинаа, а повеќе од 10 луѓе се повредени во стампедо што денеска се случи на популарен Хинду фестивал во источна Индија, соопштија локалните власти.
– Дојде до нагло движење и стампедо на верниците за да ги видат Хинду божествата, при што повеќе луѓе се онесвестија или се пожалија дека немаат воздух“, изјави високиот претставник на локалните власти во градот Пури, Сидарт Шанкар Сваин.
Тој додаде дека 15 луѓе се пренесени во болница, каде што е констатирана смрт кај три лица.