Сибиха: Украина предлага примирје во Црното Море и чека одговор од Русија

Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха изјави дека Киев доставил предлог до меѓународните сојузници за примирје во Црното Море, со цел да биде овозможен извозот на храна.

 

– Подготвени сме за примирје. Им благодариме на Индија, Турција и Египет, кои играат активна и важна улога во деескалацијата на тензиите во Црното Море, како и во напорите за посредување. Сега го очекуваме одговорот од Русија, посочи Сибиха.

 

Тој додаде дека Русија предложила Украина да ги прекине нападите врз рускиот нафтен сектор како дел од евентуалното примирје. Но, Сибиха истакна дека Киев би го разгледал таквиот предлог само како дел од поширок договор за енергетско примирје.

Back to top button
Close