Кравите од Крива Паланка одат во затворите во Идризово и Прилеп

Започна оперативното спроведување на Акцискиот план за отстранување на добитокот од подрачјето на Крива Паланка, во кој се вклучени седум државни институции.

Според планот усвоен од Владата, одземените животни во почетната фаза ќе бидат сместени во казнено-поправните домови во Идризово и Прилеп. Министерството за земјоделство информира дека на состанокот на Координативниот штаб веќе биле утврдени конкретните активности и обврски на институциите.

Следниот чекор е мапирање на локациите на кои се наоѓа добитокот, со цел да се утврдат неговиот број, распространетоста и пристапноста на теренот.

LANDOV Петреска тврди дека во полиција ѝ рекле: Подобро што го „превоспитале“ детето
Се разгледува и можноста, во согласност со законските прописи, дел од животните да им бидат отстапени на здруженија на сточари и млади сточари.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски истакна дека целта е трајно надминување на проблемот, заштита на граѓаните, нивниот имот и земјоделското производство, со истовремено почитување на здравствените стандарди и благосостојбата на животните.

Во акцијата се вклучени Министерството за земјоделство, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за храна и ветеринарство, Агенцијата за управување со одземен имот, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и Бирото за процена.

Back to top button
Close