ЕФ бара од обвинителството постапка против власта – од ВРЕДИ вратија, ДУИ е таа која ја прифати методологијата на пописот

Европскиот фронт ќе поднесе барање до Обвинителството да покрене постапка за актуелната власта затоа што во изминатата година при финансирање на општините не ги зела во предвид и граѓаните кои живеат надвор од државава, односно го опфатила само резидентното население. Со ова е направена голема финансиска штета на локалната власт бидејќи тоа, како што истакна Реџепи, не е предвидено во ниту еден закон. Ваквата реакција дојде откако Уставниот суд минатата недела ја укина одредбата околу методологијата за пописот во 2021, но сепак, таквата одлука нема ретроактивно дејство.

-Ќе бараме политичка одговорност и кривична одговорност од власта заради затајување на можноста да се финансираат благовремено општините согласно сите граѓани за исклучувањето на граѓаните кои не биле предвидени како нерезидентни, не биле предвидени во буџетот на општините. Ќе бараме од Обвинителството да покрене одговорност од нив, а во спротивно ќе треба во што поскоро време да ги враќа средствата кои не се дадени на овие општини, изјави Скендер Реџепи Зејд од Европски фронт.

Од ВРЕДИ директно ја обвинуваат ДУИ дека е одговорна за прифаќањето на методологијата на пописот.

-Зошто беше потпишана методологија што го намалува бројот на Албанците во земјата. Зошто не се заштити придонесот на дијаспората во животот на оваа држава. Зошто прифативте Албанците надвор од земјата да се одделат од остатокот на нацијата. Овие зошто не се само прашања, тие се обвиненија што тешко паѓаат врз тие што го искористија пописот за партиски интереси. Ако ДУИ мисли дека ќе помине ова со молк тешко се лаже, изјави Дритон Сулејмани од ВРЕДИ.

Од ДУИ со контраобвинувања, велат дека ВРЕДИ е таа која спроведува антиалбански политики. Ние ќе застанеме во одбрана на еднаквоста, правото на претставување и вредностите кои произлегуваат од Охридскиот договор, велат од ДУИ.

-ДУИ изразува длабока загриженост за новата кампања што ја спроведуваат остатоците од ВРЕДИ, нарачана од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, против пописот на населението, процес од суштинско значење за демократското и мултиетничкото функционирање на државата. Оваа стратегија е тажна и без преседан во историјата на плурализмот во земјата, велат од ВРЕДИ.

Минатата недела Уставниот суд укина одредби од Методологијата за пописот спроведен во 2021 година бидејќи беше оценето дека се пречекорени уставните надлежности со тоа што е извршена категоризирање на резидентно и нерезидентно население. Иницијатива беше поднесена од Скендер Реџепи Зејд

Back to top button
Close