СДСМ откри дел од кандидатите за локалните избори – меѓу нив не е Костадинов!

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција објави дел од кандидатите на партијата за градоначалници на претстојните локални избори. Меѓу општините за кои беа соопштени имињата се Карбинци, Сопиште, Дебарца, Демир Хисар и Струмица – каде што изостанува актуелниот градоначалник Костадин Костадинов.

Наместо Костадинов, кандидат на СДСМ за Струмица ќе биде Марјан Даскаловски, претседател на општинската организација на партијата.

Во продолжение сите кандидати:

  • Пехчево – Златко Николовски, член на Централниот одбор
  • Босилово – Мариче Кармазичева
  • Куманово – организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски.
  • Карбинци – Љупка Соколовска
  • Василево – Ванчо Новоселски
  • Сопиште – претседателот на општинската организација, Звонко Васев.
  • Јегуновце – Дарко Блажевски, градоначалник во претходниот мандатот од 2017 до 2021 година
  • Охрид – претседателот на општинската организација, д-р Асен Шајн
  • Демир Хисар – Златко Кузмановски, претседателот на општинската организација.
  • Струмица – претседателот на општинската организација, Марјан Даскаловски
  • Дебарца – претседателот на општинската организација, Љупчо Паункоски.

„Во следните две недели, две третини од кандидатите за градоначалници ќе бидат потврдени од Извршниот одбор. Очекувам ова да биде процес кој ќе значи сплотување, а не поделба на партијата“, изјави Филипче.

Back to top button
Close