Мојсоска: Ангелов изјави дека купување на противпожарни возила е СКАПО за власта!


Стојанче Ангелов (функционер во влада која се задолжи 6 милијарди евра кредит) изјави дека купување на противпожарни возила било СКАПО за власта, па затоа ПРИЛАГОДУВАЛЕ полициски и армиски возила за гаснење пожари?! – пишува на Фејсбук пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.

– Па, да не земавте кредити за да ги покривате долговите на неспособните вмровски градоначалници, сигурно од кредитот ќе останеа средства за купување противпожарни возила – што е прашање на ЕЛЕМЕНТАРНА БЕЗБЕДНОСТ.

Најверојатно ние ќе влезиме во историјата како единствена држава која се задолжува со милионски кредити за паркчиња, асфалтирање улици, канализации и фарбање камења што треба да личат на велосипедска патека. – пишува Мојсоска.

Back to top button
Close