АА: Изработката на учебниците по историја за основно и средно образование – навредлива и скандалозна за Албанците!
Прес-конференција на Алијансата за Албанците
Алијансата за Албанците изразува огорченост и цврсто се противи на нестручниот, тенденциозен и дискриминаторски начин на кој е изготвена новата наставна програма по предметот историја во основното и средното образование во Република Северна Македонија.
Иако начелно ја поддржуваме потребата од реформа на наставните програми, не можеме да молчиме пред таквото очигледно искривување на историската вистина, исклучувањето на албанските експерти од процесот на изготвување на наставните програми и јасните обиди за избледување, релативизирање или oбезличување на историскиот идентитет на Албанците на овие простори.
Дали се вклучени албанските историчари? Во држава која се нарекува мултиетничка, исклучувањето на албанските историчари од работните групи за изготвување на наставните програми е институционален скандал и директна навреда за сите граѓани Албанци. Нивното отсуство произведува содржини коине само што се неточни, туку и длабоко опасни за историското оформување на учениците.
Флагрантни примери на фалсификување и аматеризам: Насловот „Илири и Дарданци” е апсурден и ненаучен, бидејќи Дарданците се неразделив дел од илирското стебло.
Во средниот век, Албанците биле познати како „Арбери”, а нивната земја како „Арберија”. Овој елементарен историски факт не може да се скрие или искриви со бирократска ароганција!
Системско бледнеење на албанската историја: Во споредба со претходните програми, содржината која се однесува на историјата на албанскиот народ е преполовена или целосно исчезната, давајќи ѝ приоритет на историјата на другите народи во регионот. Ова претставува намерно намалување на придонесот на Албанците во балканската и европската историја, како и обид за релативизирање на нивното постоење на овие простори.
Хронолошки и структурен хаос: Програмите страдаат од недостаток на логички и хронолошки редослед, додека албанските историски настани и процеси се третираат на фрагментирани, скратени и честопати на нејасен начин, што ризикува да го наруши познавањето на историјата кај помладите генерации.
Навреда на мултиетничкиот карактер на државата: Пристап што не ја одразува мултиетничката реалност на земјата и ја игнорира историјата на еден од народите основач на РС Македонија е неприфатлив и оди подалеку од едноставна небрежност – тоа е институционална дискриминација!
ВРЕМЕ ЗА ДЕЈСТВУВАЊЕ!
Алијансата за Албанците итно бара Министерството за образование да престане да одобрува учебници што се засноваат на овие проблематични програми. Сè уште има време да се размисли и да се вклучат албанските историчари на рамноправен и професионален начин, така што програмите да ја одразуваат историската и културната реалност на сите граѓани на земјава.
Ова не е обичен апел, туку силен повик за правда, еднаквост и достоинство во третманот на нашето заедничко минато.
Ако историјата се пишува погрешно денес – иднината ќе се гради врз лаги утре.
Алијанса за Албанците