Приведени 18-годишник и малолетник од Тетово – силувале две  малолетнички и го снимиле чинот

На 02.07.2025 во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во Тетово ги лишиле од слобода А.Е.(18) и малолетник, двајцата од Тетово, постапувајќи по пријава од 37-годишна жена од Тетово дека во неколку наврати ги силувале нејзините две малолетни ќерки, а притоа и снимале со мобилен телефон и едната малолетничка ја принудувале на сексуален однос со други лица.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

 

Back to top button
Close