Другарите на Мицкоски ги избришаа македонскиот јазик и македонскиот идентитет од ЕУ извештајот, вели Апасиев
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев по најавите од Бугарија дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од Предлог-извештајот за напредокот на Македoнија вели дека тоа е поради сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ кои се дел од Европскиот парламент.
„Другарите на Мицика, десничарите од Европскиот парламент, го избришаа терминот „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од ЕУ извештајот за Македонија! Каков шамар за конзервативната Влада на ДПМНЕ. Е до толку се почитувани нашите власторшци во Европа. Багро неспособна, се прокоцкавте само за да ви идат тендерите“, порача Апасиев.
Според бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев кој е дел од Европската народна партија, во која членува и ВМРО-ДПМНЕ, темите за идентитетот и јазикот немаат место во извештајот за напредокот на земја што аплицира за членство во ЕУ