Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

Дали “иницијативите” на Мицкоски за меѓународна верификација на македонскиот јазик и идентитет се обична фарса која е однапред осмислена да заврши со неуспех?

Погледнете дел од верификациите, потврдите, впишувањата, заверувањата на македонскиот идентитет и јазик во периодот 2017 – 2024:

– 01.08.2017 – Република Македонија и Република Бугарија потпишаа Договор за добососество на македонски јазик

– 17.06.2018 – Република Македонија и Република Грција го потпишаа Договорот од Преспа со кој се потврдува македонскиот јазик и идентитет. Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство. Според членот 1 (3) од Договорот, официјален јазик на нашата држава е „македонски јазик“ кој е преведлив на сите јазици (на пример, на англиски јазик „Macedonian language“). Без никаква фуснота со дообјаснување. Македонскиот јазик е потврден – идентитетот е зачуван

 

– 2019 – При промената на уставното име, Обединетите Нации го потврдуваат македонскиот јазик како единствен официјален јазик за меѓународна употреба, во личната карта на Република Северна Македонија

 

– 07.2022 – Усвоена е прговарачката рамка меѓу МК и ЕУ, јазикот јасно именуван како македонски

 

– 28.07.20222 – Официјално регистриран Центарот за македонски јазик во Грција“

 

– 19.03.2023 – Основниот суд во Лерин фицијално одби повеќе барања/тужби за поништување на првичната одлука за одобрување на барањето за неговата регистрација

 

– 15.06.2023 – Бундестагот ја изгласа резолуцијата за поддршка на македонскиот јазик, култура и идентитет

 

– 09.2023 – Мичиген и Илиноис го прогласија септември за месец на македонскат култура во САД

– 17.06.2024 – Нимиц: “Посебноста на македонскиот јазик е светски призната и потврдена, не може да се преговара за нечиј идентитет”

Марјан Забрчанец

Back to top button
Close