Удрил во две паркирани возила и си заминал – д-р Маја Киријас: „Се срамам каде живеам

Сведоштво од познатата докторка Маја Киријас разоткри уште една несовесност на улиците во Скопје. Според нејзината објава, неидентификуван возач во раните утрински часови со своето возило удрил во две уредно паркирани коли – едната од нив нејзиното „Нисан“ – и потоа го напуштил местото на несреќата.

„Возилото е мое! Поточно, уште на лизинг… Паркирано уредно. Позади паркирано друго возило. Во 6 часот од гостилница ‘Дукат’ се слуша силен удар од трето возило кое ги удира возилото позади мене и моето Нисан возило!“, напиша д-р Киријас, потенцирајќи дека снимката од безбедносните камери „за жал покажува сè“.

Несреќата се случила пред зградата каде што таа живее, а како што тврди, иако нејзиното возило било правилно паркирано, штетата е значителна.

Докторката упати и остри критики до дел од порталите кои, според неа, ја злоупотребиле несреќата за сензационализам: „Одредени портали на несреќата на граѓаните прават шоу. Се срамам каде живеам. За порталите би дала сугестија – не пренесувајте лажни вести, за да ни оставите барем трошка верба во тоа што го читаме!“

Случајот е пријавен и се очекува полицијата да го идентификува и санкционира возачот кој избегал од местото на настанот

Back to top button
Close