Димитриевски: Правдата победи, бранев јавен интерес

Правдата излезе на виделина, во судската постапка беа презентирани факти и аргументи, присуствував на рочиштата, го бранев интересите, правдата победи, кажа кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, откако обвинителството го повлече обвинението против него.

– Конечно правдата излезе на виделина. Пред претседателските избори во 2024 година реков дека тоа е политички монтиран процес од страна на урбано-политичко бизнис спрега позната во општината. Бранев јавен интерес и тогаш и сега ги застапувам интересите на граѓаните. Како човек кој верува во институции и малкуте професионалци кои ги има во нив а во овој случај и во узурпираниот обвинителско правосуден систем, поминав низ долго патешествие и присуствував на секое рочиште пред судот. Во таа судска постапка беа презентирани многу факти и аргументи во форма на докази од мојот адвокатски тим кои ги побија обвинувањата и потврдија дека сум работел по закон во заштита на јавниот интерес. Правдата победи. Трошоците на постапката ќе бидат надоместени според закон, а јас во иднина ќе информирам за моите понатамошни правни дејствија, соопшти Димитриевски.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово го повлекло обвиниението против градоначанико на Куманово, Максим Димитриевсаки, за злоупотреба на службената положба и овластување затоа што во судската постапка што се водеше 15 месеци не било утврдено дека двете кумановски фирми претрпеле штета затоа што навремено не добиле дозвола за градба. По последното рочиште на 27 јуни, јавниот обвинител со поднесок од 30 јуни се откажа од обвинението против Максим Димитриевски, пет дена пред завршните зборови закажани на 4 јули, соопшти вчера Основен суд Куманово.

Back to top button
Close